Македонската Бетика се подготвува за експидиција – вчера влезе под ледот во Ротинското Езеро во националниот парк „Пелистер“
Себеси се нарекува „ледена Македонка“ или „ледена кралица“, а сите ја познаваат како Бетика која влегува и во ладни води чија температура оди до -34 степени. Вчера, Бетика имала нов предизвик, односно подготовка за нова експедиција.
За својот тренинг на помош го имаше и својот татко кој со моторна пила исцрта срце и го извади ледот за да стане ледена када за неговата ќерка во Ротинското Езеро. Бетика, по подготовки кои ги има за аклиматизација на телото, правилно дишење, се спушти за секунда во ледената вода.
– „Денеска беше еден прекрасен сончев ден пополека се приближувавме до Ротинско езерце, се сместивме. Јас почнав со припреми, почна аклиматизацијата, почнав со дишење, ги замижав очите и влегов во мојот свет. А тато во позадина го пратеше секој мој чекор. Бликав од радости. Го осеќав неговото присувство и едвај чекав да се искапам. За момент се исклучив, не знаев што се случува во позадина.
Бевме само јас и мојот здив. Кога завршив со дишењето пополека ги отворам очите што да видам!!! Чаленце по шорц и маичка и волнени чорапи 🥹Царот веќе си ја нацртал скицата, па ме чекал за да ја запали моторката… Не можев да им верувам на очиве. Ова беше најубавиот тренинг во мојот живот!“, вели Бетика во дел од објавата.
View this post on Instagram