На ден Богојавление Давид Стефановски од Скопје, имател на викенд куќичка во Стар Дојран, беше најуспешнот момче кое заплива во осветените води на Дојрансото езеро и го извади Чесниот крст.
Тој вети дека средствата кои ќе ги посветат жителите на општина Дојран за благослов и благодет што треба да ја рашири Светиот крст насекаде во сечиј дом, ќе ги донира за лекување на некое дете.
Ветувањето беше реализирано. Давид вчера веќе донираше пари за лекување на малиот Алексеј кој боледува од ретка болест „хипоксична енцефалопатија“ и за истата се потребни 6 трансплатации на матични клетки, а направени се само две. Давид им се заблагодари на дојранчани со зборовите:
– „Фамилијата на малиот Алексеј е известена дека благодарение на вас (жителите на Општина Дојран, н.з.), се донирани средствата собрани по повод моето фаќање на светиот крст во осветените води на Дојранското езеро на денот на светиот празник Богојавление. Ви благодарам од се’ срце и јас, и фамилијата за вашата великодушност, што бевте несебични. Господ нека ви дарува на сите здравје и на малиот Алексеј. Вечерва видов што значи жртва на едни родители за здравјето на своето дете и на никој не му го посакувам истото, а посакувам на истите Господ да им дарува здравје и синчето да им се излечи што побрзо.
Во прилог ги имате телефонските броеви како и жиро сметката, доколку некој сака дополнително да донира. Љубов до сите“ – посака на крајот од посветата Давид Стефановски, младо момче од Скопје.!
А1 – 143 – 476
Телеком – 143 – 132
Сметка: 350- 5000-253620 – 85
Депонент: Шпаркасе Банка
Пет дена Давид ги посетуваше со крстот дојранските куќи. Потоа го остави со мала касичка дојранчани сами да донираат за хуманата акција која ја вети на Богојавление. И ете, Давид и дојранчани донесоа радост и надеж за лекување за малиот Алексеј.
Празничниот ден Водици донесе потстрек и желба некому да помогне кај крстоносителот Давид, дојранчани желбата ја претворија во хуманитарна донација за лекување на Алексеј.
Посакуваме здравје и живот за сите!