Професорите на Сплитската гимназија „Владимир Назор“ изведоа музики и танцови точки посветени на своите ученици, на нивната матурска забава.
Настапот беше изведен за оценка „5+“, учениците со воодушевување ги проследија точките, а потоа се придружија на танцовиот подиум со своите професори.
„Moonwalk“ на Мајкл Џексон, Бијонсе, Шакира, танцовиот триумф од фимлот „Валканиот танц“ се дел од сензациите на професорскиот тандем изведувачи пред своите ученици. Погледнете.
Професорите во филмски изведби „Ѕing in the rain“ и танцот од хит филмот „The dirty dance“.
Целиот настап на професорит се подготвувал во тајност од учениците како изненадување и благодарност за нив што биле посветени 4 години во текот на школувањето. Професорот по физичко воспитување вели за своето танцување пред учениците:
– Зошто да не. Тие ме веселеа цели 4 години, мене не ми е проблем и јас да им посветам 15 минути да ги развеселам на нивната матуурска вечер“.
Прославата на матурската вечер на сплитските матуранти и професорите стаса на страниците на хрватските медиуми, а ние ви објавуваме дел од атмосферата.
– „После оценките и дисциплината, нека учениците ве запомнат по насмевката и забавата“ беше заклучокот на сплитската новинарка за овој несекојдневен настан.