Истакнатиот гевгелиски спортист, атлетичар, професор и тренер, Влатко Семенаков годинава по втор пат учествуваше на Балканско првенство во атлетика кое годинава се одржа во Словенија во организација на АК „Крка“ од Ново Место.
На терените Влатко истрча на трасата од 800 и 1500 метри и освои ДВА ПОДИУМА:
– ПРВО место на трасата од 800 метри со време од 2 минути и 17 секунди, и 08 стотинки.
– ТРЕТО место на трката од 1500 метри со време од 4 минути и 40 секунди и 90 стотинки..
На трасата од 800 м Семенаков ги претрча атлетичарите од Турција, Романија, Србија, Словенија и Албанија и е БАЛКАНСКИ ШАМПИОН на патеката од 800 метри.


На трката од 1500 метри Влатко го собори својот личен рекорд истрчувајќи за 8 секунди побрзо од најдоброто време кое го има до сега остварено на оваа патека. Влатко е роден 1984 година и настапуваше во категорија М-40 мажи ветерани. На патеката ги претрка атлетичарите од Турција, Словенија, Србија и Бугарија.

Инаку Влатко не е прв пат на Балканијада. Минатата година настапи на Балканското првенство во атлетика во Хрватска и освои ВТОРО место на трката од 800 метри. Тогаш постигна резултат 2:17:36 и беше втор, годинава се подобри за 28 стотинки и се искачи на победничкиот подиум.
Влатко Семенаков освои ВТОРО место на Балканско Првенство во Хрватска
Честитки за македонскиот медалист, професорот Влатко од Гевгелија!
Инаку, Семенаков за својот успех на Балканското првенство во Хрватска и бројни освоени подиуми на атлетски настапи во земјата и странство годинава беше награден со плакета „Спортист на годината за 2025, во категорија М-40“ од спортската редакција на GevgelijaNET. Пред ова Семенаков беше добитник на Плакета „Спортист на годината за 2024“ со својата сеприсутност на спортските терени и како атлетичар, и како тренер во „Школата за атлетика“ и како ментор на училишните екипи на млади спортисти од Гевгелија, тренер на најдобрата тенисерка од Гевгелија, тренер на фудбалски екипи кои победуваат на турнири.
Со новите спортски настапи во 2026 Семенаков ја продолжува низата од успеси и ја докажува својата спремност да освојува подиуми, трофеи и медали, можеби и да понесе уште една нова титула „Спортист на годината“.
Среќно професоре!






















