Денешното саботно попладне за млад гевгеличанец завршил со притвор од полициските сили на МВР.
Денеска (10.02.2024) во 17:30 часот во близина на хотел во Гевгелија полициски службеници од Регионалниот Центар за Гранични работи „Југ“ – Полициска станица за граничен надзор и ГП „Богородица“ го лишија од слобода М.С. (28) од Гевгелија.
При контрола на возило “Фиат” што тој го управувал, пронајдени се осум лица- илегални мигранти од Сирија.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.