вторник, 15, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Општината закажа изгласување на ДУП-ови по ИТНА постапка, без јавна расправа со граѓаните

Локалната опозиција во Гевгелија, СДСМ реагира дека ваквиот нетранспарентен начин на носење на ДУП-ови е „предизборен поткуп“ од страна на локалната власт која ја предводи ДПМНЕ во Гевгелија

февруари 17, 2024
in ФОКУС
Општината закажа изгласување на ДУП-ови по ИТНА постапка, без јавна расправа со граѓаните
0
SHARES
477
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Без јавна расправа, без учество на граѓаните со свои мислења и реакции по деталните урбанистички планови за Гевгелија каде тие имаа имотни сопственитва, без најава една недела порано според статутарните рокови за работа на општинските тела, денеска општината ги свика советниците на општина Гевгелија да гласаат за два Детални урбанистички плана.

Се работи за ДУП за Блок 11 (дел 11.3), и ДУП а Блок 1.2, Блок 2.1 и Блок 2.2, Општина Гевгелија, за планскиот период 2019-2024.

Related posts

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

јули 15, 2025
Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

јули 15, 2025

Двата ДУП-а зафаќаат површина од 35,06 хектари и на истите се предвидени парцели за градба на објекти за комерцијални и деловни намени-големи трговски единици, за производство, дистрибуција и сервиси (во првиот) и објекти за домување (станбени куќи, станбени згради), објекти за комерцијални и деловни намени, објекти за јавни институции, комунална инфраструктура (трафостаници, катна гаража, автобуска станица).

Според законот за просторно и урбанистичко планирање секогаш при носењето на документ од важност за граѓаните, особено документи со трајност од 10 па и повеќе години предвидена е задолжителна јавна расправа на кои граѓаните ќе го кажат своето мислење, а претходно стручњаци кои учествувале во изготвувањето на документот ( во случајот ДУП-от) се произнесуваат за неговата вредност и оправданост на јавна дебата пред граѓаните.

Такво нешто не се случи со овие два Урбанистички плана кои попладнево се разгледуваат на 38-та ВОНРЕДНА седница на Советот на општина Гевгелија свикана за неполни 15 часа од закажаниот почеток на комисиските расправи, а потоа и на Советот.

Што се крие зад ваквото брзање и неинформирање на граѓаните?

Од советничката група на СДСМ уште доцна синоќа реагираа со соопштение во кое наведуваат:

– „Со донесена одлука за избори во државата со ваквото нетранспарентно и нестатутарно работење на Општината раководена од ДПМНЕ се’ мириса на предизборен поткуп, бидејќи општинските челници наместо да ги донесат ДУП-овите по транспарентна постапка со јавна расправа пред граѓаните, цел процес сакаат го завршат итно и неодложно!!!
Предизборното поткусурување со имотот на Општината не смее да се случи зошто ќе биде на штета на граѓаните, а незаконски ќе профитираат новокапиталистите во Гевгелија.
Гевгеличани не го заслужуваат ова.
ОВА Е ПРОПУСТ на Одделението за урбанизам. Ова е самоволие на Општината на чело со градоначалникот кој дозволува вакво распашано управување со ваков клучен сектор во Општината.
Затоа, БАРАМЕ ИТНА ОСТАВКА на Раководителката на Одделението за урбанизам!
А потоа, по депонирање на ОСТАВКАТА ќе разговараме, дискутираме и решаваме САМО во интерес на граѓаните!“ – пишува во реакцијата од СДСМ гевгелија.

Општината Гевгелија која за себе вели дека е меѓу најтранспарентните општини во државата (според некоја анкета спроведена од НВО) денеска нема никакво извествање за ИТНАТА ВОНРЕДНА Седница на Советот на општина Гевгелија. Уште стојат фотографиите од Св.Трифун како последна објава на официјалната ВЕБ страница на општина Гевгелија.

Од другите партии кои партиципираат во локалниот гевгелиски Совет нема реакции по ова прашање.

Нешто е труло во државата Данска (читај Гевгелија и гевгелискиот пашалак) !!!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Лишени од слобода четворица гевгеличани

Next Post

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд

Next Post
Македонскиот маратонец Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд

Македонскиот маратонец Дарио Ивановски постави нов македонски рекорд

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Собир на предвреме родените деца од Гевгелија и регионот

Собир на предвреме родените деца од Гевгелија и регионот

2 години ago
ВИДЕО: Аџилак на Мека на 50 степени однесе 550 жртви од топлотен удар

ВИДЕО: Аџилак на Мека на 50 степени однесе 550 жртви од топлотен удар

1 година ago
Ружица Кирова – ново засилување од Југот во редовите на РК „Делчево“

Ружица Кирова – ново засилување од Југот во редовите на РК „Делчево“

5 месеци ago
ВИДЕО: Новогодишна и Божиќна честитка од Дедо Мраз

ВИДЕО: Новогодишна и Божиќна честитка од Дедо Мраз

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ
  • Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија
  • ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

јули 15, 2025
Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

јули 15, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist