Акцијата “Диверзија Календари” е успешна! – објави денеска Дејан Малзарков, испорачувајќќи „благодарност до сите хумани и нехумани луѓе“.
Собрани се 33.432,- денари и истите се донирани на наменската сметка за донации на малиот Јаков, од село Трстија-Виница, кое е на едногодишна возраст со дијагностициран редок вид на леукемија (Dg.Leukaemialymphoblastica acuta).
Потребна е итна трансплантација на коскена срж, третман кој се изведува во Турција и потребни се 20.000 евра за реализација на истиот.
Хуманата мисија на тимот на „Диверзија“ средствата ги донираше до Јаков, а не во Гевгелија од причини што во моментот ЗА СРЕЌА нема таква итна финансиска потреба за здравствен третман на млад жител на општина Гевгелија. Ете, хуманоста нема граници, адреса и место на раѓање, таа се носи во срцето и се споделува со секого на кого му е потребна.
Ако сакате да донирате за Јаков можете на следните донаторски сметки.
Жиро сметка: 300- 00 70921389 – 34
Корисник: Марија Ампова
Депонент: Комерцијална Бакна – АД Скопје
За девизни дознаки од странство:
Name: MARIJA AMPOVA
Address: s.TRSTINO – Vinica
Acc.no.: 0230703696363
IBAN: MK07300307036963670
GevgelijaNet веќе извести за битката за живот на малиот Јаков, на кој итно му е потребна помош од хуманите луѓе.