Мекедонскиот 11-годишен математички генијалец Македон Димитровски направи невиден подвиг за почит!
Ова препаметно момче го помина престижниот американски SAT тест со неверојатни 1440 поени!
Величината на подвигот го појаснува следниот факт – на само 11 години тој покажа подобар резултат од дури 95% од матурантите во САД кои го полагаат овој испит на 18 години за упис на факултет!
Со овој историски успех, Македон влезе во „ТОП 3“ најуспешни деца на негова возраст на целата планета и си ги отвори вратите кон најпрестижните светски универзитети!
Неговиот ментор Горан Милошовски и неговото семејство будно стојат зад овој вонреден успех што го докажува чистиот македонски капацитет!
Македонија, чие име го носи овој генијалец, би требало да најде начин многу повеќе да ги поддржува и да инвестира во ваквите генијални умови за да творат тука и да придонесуваат тука, во Македонија.





















