Граничниот премин „Евзони“ на македонско-грчката граница се соочува со сериозни технички проблеми по удар од гром, кој предизвика прекин на електричната енергија и го наруши работењето на клучните системи.
Според последните информации објавени на српските медиуми, агрегатите во моментов не успеваат да обезбедат доволно енергија за непречено функционирање на сите уреди и услуги на преминот.
Дополнителни тешкотии се појавија поради проблеми со интернет-врската, па дури и во областите каде што снабдувањето со електрична енергија е стабилизирано, системите не работат со полн капацитет.
Поради комбинација од прекини на електричната енергија и прекини во комуникациските мрежи, имаше сериозни застои и отежнато функционирање на преминот, што предизвика целосен колапс на работата на граничните служби.
Дел од патниците предупредени преку социјалните мрежи се упатиле на граничниот премин Дојрани кај Стар Дојран, па и овде ноќва настанала гужва.
Граѓаните кои треба да го преминат овој граничен премин „Евзони“ во текот на ноќта велат дека се загрижени за целата ситуација бидејќи не знаат што ги чека.




















