Саботата е работен ден за механизацијата на изведувачот на нова канализациона линија на ул „7 Ноември“ во Гевгелија. На терен се два багера, хилт, еден товарен камион, екипа работници кои ги изведуваат работите и управуваат со механизацијата.
Изведбените работи за поставување нова канализациона линија долж улицата “7 Ноември” во Гевгелија започнаа вчера, петок во 14 часот, а денеска од утрово стасаа до споменикот на Сава Михајлов.
Градежната механизација од вчера попладне работи на потегот од маркетот “Кит-Го” до новоизградената зграда карши “Водостопанство” на Македонија.
Нарачател е Општина Гевгелија, а финасите се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ.
Средствата се одобрени од Буџетот на РСМ во јуни 2023 година преку Министерството за животна средина и просторно планирање, но зошто Општината започна да гради седум месеци подоцна не ни е познато. Финансискиот влог на МЖСПП за Гевгелија е со намена за „водоводни системи, пречистителни станици, реконструкција на стари и поставување на нови канализациони системи“.
Новата канализациона линија се гради од пешачкиот премин кај маркетот„Ки-Го“ до новите две станбени згради карши стариот градски пазар. Скапите станбени градби карши пазарот и гевгелискиот Амам очигледно се надвор од канализационата мрежа поради што со проект на локалната самоуправа веќе од вчера и денеска се вршат овие градежни работи со намена „изградба на нови канализациони системи“.
Препорака: Внимателно за учесниците во сообраќајот!
Вака беше вчера вечерта: