Синоќа, на 24.02.2024 во 23:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Д.Ш.(24) од Гевгелија.
При преглед кај лицето била пронајдена марихуана.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против Д.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.