Погребната кола со телото на Алексеј Навални пристигна во црквата во Марина, место на периферијата на Москва.
The funeral of Alexei Navalny.
They came to say goodbye despite the risk of arrest and persecution. pic.twitter.com/p9tI0ckJmq
— Boar News (@PhamDuyHien9) March 1, 2024
Сојузникот на Алексеј Навални рече дека денешната церемонија не била скапа, но ги покани поддржувачите да бидат присутни на последното испраќање.
Се врши и видео пренос во живо од последното испраќање на Навални.
Црквата во Марина каде е сместено ковчегот со Навални е во прстен од полиција со железни огради, а илјадници луѓе од Москва и други градови на Русија доаѓаат и чекаат во ред за да му оддадат последна почит на рускиот опозиционен лидер, Навални
A long line has formed before the entry to the Church of the Icon of the Mother of God Soothe My Sorrows where Navalny’s memorial service will take place in just under two hours https://t.co/G0oJtu1awh pic.twitter.com/IcVHLDI7CQ
— Pjotr Sauer (@PjotrSauer) March 1, 2024
Снимката споделена од тимот на Алексеј Навални покажува голема толпа луѓе, која го скандира неговото име и ракоплеска додека погребната кола пристигнува пред црквата.
Катафалк с телом Алексея подъехал к храму pic.twitter.com/tX1sy9z0cj
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) March 1, 2024
Во околината на црквата се присутни многубројни полициски сили.
Кремљ се закани: Неодобрените собири претставуваат прекршување на законот
Кремљ вели дека секој неодобрен собир за Алексеј Навални, кој беше жесток критичар на Владимир Путин, би бил кршење на законот.
Групите за човекови права ги советуваа луѓето што присуствуваа на церемонијата да ги запишат контактите на адвокатите што може да им помогнат доколку бидат уапсени. Тие исто така беа поканети да ги понесат со себе пасошите и малите шишиња со вода.
Портпаролот Дмитриј Песков пред новинарите изјави дека нема да дава никаква оценка за Навални како политичка личност и дека нема што да им каже на неговите роднини.