Во текот на изминатите 36 часа, од четвртокот кога започнаа дождовите до денеска изутрина во Гевгелија наврна 30 литри водон талог на еден метар квадратен.
Најмногу количини наврнаа во петокот преку денот 9 л/м2, а попладнето и во текот на ноќта до денеска изутрина измерени се уште 16 литри дожд на метар квадратен. Вкупно 25 л/м2 за едно деноноќие. Од четвртокот до 07 часот во петок изутрина наврнаа само 5 л водена маса.
Дождот го „почести“ и Дојран со наврнати 21 л/м2 во изминатите 24 часа.
Земјоделските познавачи велат дека дождот е бериќетен, потребен на почвата. Дури и расцветаните дрвца кои веќе фрлија и лисната маса му одолеа на дождот.
Од УХМР накавуваат дека утре во Гевгелија не’ очекува „пролетна температурна бомба“ со 20 степени Целзиусови. Времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност.
Од понеделник, под влијание на нов влажен бран, во текот на попладнето и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со пороен карактер и со појава на ретки грмежи. Температурата во вторник ќе биде во опаѓање, а на планините и во некои од повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег.