Трагедија се случи во гевгелиското село Негорци, каде попладнево имаше силно невреме.
Гром удрил во тинејџер, кој починал на лице место.
Настанот од МВР со потврдуваат за „Скопје1“.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со изгореници по телото, најверојатно од удар од гром, кај малолетник од с.Негорци, кој напасувал добиток“, информирале од МВР за порталот.
Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Немилиот несреќен настан бил пријавен денеска 07.03.2024 во 15:30 часот во ОВР Гевгелија.