Нестабилното време со грмотевици и градоносни облаци денеска после пладне го зафати крајниот југ на Македонија, во гевгелиско..
Облаци со град го обелеа локалниот село Мрзенци, локалниот пат кон Негорци, а град врнеше и во с. Богородица, гевгелиско.
Ледените топчиња во мал број и со краток интервал паѓаа и во Гевгелија но со мал интензитет, без можности да се направат некои штети.
Како поминале пролетните посеви, овоштарниците кои се веќе во цвет ќе треба да утврди стручна комисија.
Видеото и фотографијата се сепак доказ дека променливото и нестабилно време во неизвесниот календарски март сепак знае да ги изненади и граѓаните и разбудената природа од до сега топлиот февруари.
Нашиот читател Љубе Стојковски ни’ сподели видео за врнежи со град и во Богданци. Ова е моментот на ударниот бран од врнежите со град на југот, во атарот на Богданци.
Еве како изгледаа патиштата во Богданско – послани со ледени топчиња од град.