четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

Гевгелискиот тенисер Александар Грујиќ и млади МК тенисери на тениски камп во Анталија

Шестмина млади тенисери придружувани од тренери на Македонската тениска репрезентација се на двонеделен тренинг камп во Анталија, Турција преку Интернационалната развојна тениска Федерација на Европа, меѓу кои и најдобриот тенисер од Гевгелија, јуниорскиот државен првак Александар Грујиќ

март 7, 2024
in МОЗАИК
Гевгелискиот тенисер Александар Грујиќ и млади МК тенисери на тениски камп во Анталија
0
SHARES
191
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Шестмина млади тенисери придружувани од тренери на Македонската тениска репрезентација се на двонеделен тренинг камп што се одржува во Анталија, Турција преку Интернационалната тениска Федерација на Европа.

Кампот е во организација на „Tennis Europe“. На истиот македонските тениски сили ги претставуваат: Андреј Темов и Деа Крстевска (до 12 години), Александар Грујиќ од Гевгелија, Марко Алексовски, Сара Митевска и Анастасија Арсовска (до 14 години). Со нив како дел од репрезентацијата се и тренерите Круно Деспотовски и Тања Стојановска. Ова ќе биде убава можност за заедничка работа на младите тенисери, особено важно за подобра подготовка за претсојната сезона и предизвиците кои ги очекуваат на турнирските настапи.

Related posts

ВИДЕО: Августовското небо со три планетарни и астронимски феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три планетарни и астронимски феномени

август 13, 2026
ФОТО: Пријатни спомени од Дојран

ФОТО: Пријатни спомени од Дојран

август 5, 2026
Младите македонски тениски сили со своите тренери К.Деспотовски и Т.Стојановска (Александар втор од лево во втор ред)

Во склоп на подготовките на кампот беше одржана и работилница од страна на јуниорскиот комитет со родителите на младите тенисери за презентирање на годишната програма на активности за македонските млади тенисери.

Домаќинот од Турската тениска федерација по 13-ти последователен пат, од одржувањето на овој престижен натпревар ги пречека учесниците од 10 нации од „Тиер 1“ на отворањетово понеделникот 4 март, вклучувајќи ги Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Молдавија и Турција.

Дефиле на учесниците од 10 светски земји на тенискиот камп во Анталија – свечено отварање на јуниорскиот турнир

Примарната цел на турнирот е да се обезбеди меѓународно искуство во Јуниорската турнеја на играчите од помалку развиените нации во тенис, со сите трошоци покриени од ИТФ и Тенис Европа.

Придружувани од нивните национални тренери, овие талентирани спортисти ќе се вклучат во два турнири од 2-те категории. Дополнително, тие ќе имаат можност да присуствуваат на час во „Junior School“ закажан за крајот на првата недела. Врз основа на нивните перформанси, истакнатите играчи може да добијат покана да се приклучат на ITF/Tennis Europe 14 & Under Touring тимот во текот на претстојните летни месеци.

Aлександар Грујиќ прв од лево, со дел од македонската тениска репрезентативна екипа на јуниорскиот тренинг-турнир во Анталија

Ќе потсетиме дека кампот на „Tennis Europe“ ги вивна во светот на тенисот шампионите: Симона Халеп, Викторија Азаренка и Григор Димитров, од кои секој максимално ги искористи своите покани на турнирот за да забележи некои од своите најрани меѓународни успеси.

Им посакуваме успех на македонските тенисери и на нашиот гевгелиски ас Александар Грујиќ.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Отворена наменска донаторска сметка за семејството на опожарената куќа во Гевгелија

Next Post

Југот обеле од врнежи од град – с.Мрзенци и с.Богородица гевгелиско најпогодени

Next Post
Југот обеле од врнежи од град – с.Мрзенци и с.Богородица гевгелиско најпогодени

Југот обеле од врнежи од град - с.Мрзенци и с.Богородица гевгелиско најпогодени

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Пендаровски до Бугарскиот МНР, Милков: Кога ќе бидеш слободен прошетај до Ваташа

Пендаровски до Бугарскиот МНР, Милков: Кога ќе бидеш слободен прошетај до Ваташа

4 години ago
Оркестарот „Полифонија“ свиреше на бис на Интернационален мандолински фестивал во Турција

Оркестарот „Полифонија“ свиреше на бис на Интернационален мандолински фестивал во Турција

2 години ago
Лажни дојави за бомби утрово ги испразнија училиштата во Македонија

Лажни дојави за бомби утрово ги испразнија училиштата во Македонија

2 години ago
Изгаснат пожарот во близина на с.Ѓопчели

Изгаснат пожарот во близина на с.Ѓопчели

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Августовското небо со три планетарни и астронимски феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода
  • Село УМА, гевгелиско – Моќта на традицијата

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Августовското небо со три планетарни и астронимски феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три планетарни и астронимски феномени

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist