петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Свечена завршница на проектот за изградба на Браната КОНСКО кај Гевгелија

Најголемиот капитален објект изграден во последните 50 години во општина Гевгелија денеска имаше своја свечена завршница со присуство на највисокиот државен врв и претседателот на државата Стево Пендаровски

март 10, 2024
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
Свечена завршница на проектот за изградба на Браната КОНСКО кај Гевгелија
0
SHARES
620
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Најголемиот капитален објект изграден во последните 50 години во општина Гевгелија денеска имаше своја свечена завршница со присуство на највисокиот државен врв и претседателот на државата Стево Пендаровски.

– Историски ден! За Владата, за државата, за земјоделството, за граѓаните!
Браната Конско е целосно изградена! Најголемиот водостопански објект изграден во државава последниве 20 години, и најголем капитален проект во последниве 50 години во гевгелискиот регион“ – со вакво добредојде денеска беа поздравени гостите кои присуствуваа на свечената завршница на проектот за изградба на Конска брана сместена во пазувите на Кожуф планина, гевгелиско.

Претседателот на Македонија Стево пендаровски со најзаслужните за проектот Конска Брана – Министерството за земјоделство шумарско и водостопанство, Министерството за транспорт и врски и претставниците на турската фирма изведувач „Серка Тааххут“ Ан.Шир.

Проектот е вредеа над 40 милиони евра финансирани директно од буџетот на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во период од 6 години, 2018-2024.

Браната Конско подразбира нов вештачка акумулација и нов систем за наводнување со кој се опфатени минимум 6.500 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини од овој регион ќе бидат зголемени за пет пати.

Акумулацијата собира околу 40 милиони м3 вода, што ја прави втора по големина во државата после Мавровската

Освен тоа браната добива нова дополнителна вредност, со грант од Кралството Шпанија, овде за прв пат ќе бидат инсталирани пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност.
Планирани се и две мали хидроцентрали, ова е единствениот водостопански објект кој веднаш по завршувањето на браната започнува и со градба на хидросистеми за наводнување.

– „Не смее да има изговори за нашите ниви да останат неизорани и непосеени. Секоја педа од нашата плодна, дарежлива македонска земја треба да се искористи” – истакна денеска претседателот Пендаровски при посетата на “Конска брана” во Гевгелија и свечената завршница на проектот и градежните работи.

Изведувач на работите беше турската компанија „СЕРКА ТААХХУТ“ Ан.Шир. од Турција. Од името на компанијата со задоволство за завршената работа и пораки за добробит на населението кое ќе го користи завршениот проект „Конска брана“ се обрати директорот на компанијата Адали.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2024/03/dc5a31d7-e041-441b-8a6d-ddec801437cf.mp4

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски истакнувајќи ја важноста на проектот нагласи дека ова е доказот: СДСМ гради и ги завршува проектите. Конска брана започна да а гради мојот другар Зоки, а еве денеска го завршуваме проектот, за доброто на граѓаните, за доброто на државата“.

https://gevgelijanet.com/wp-content/uploads/2024/03/91821f5d-538d-4175-8f32-bcd9abd9f819.mp4

– „Честитки до сите, изградивме капитален проект. Браната Конско ќе биде запишана во историските документи, и ќе биде сведок на едно време во кое приоритетите биле државнички, за доброто на граѓаните, и за иднината на сите нови генерации кои ќе ги живеат благодетите на она што ние градиме денес“ истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Related posts

ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

мај 8, 2025
Градоносни облаци се истурија во Дојран

Градоносни облаци се истурија во Дојран

мај 7, 2025

ShareTweetShareSend
Previous Post

Пет награди за „Мистик денс“ од Гевгелија на танцов натпревар во Виена

Next Post

Пишман шверцери во близина на ГП „Богородица“

Next Post
Пишман шверцери во близина на ГП „Богородица“

Пишман шверцери во близина на ГП „Богородица“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Тешко повредена жена во сообраќајка во Гевгелија

Тешко повредена жена во сообраќајка во Гевгелија

1 недела ago
Божиќ – празникот на Христовото раѓање одбележан во Богородица

Божиќ – празникот на Христовото раѓање одбележан во Богородица

1 година ago
ВИДЕО: Отворена нова подрачна канцеларија за социјални работи во Богданци

ВИДЕО: Отворена нова подрачна канцеларија за социјални работи во Богданци

2 години ago
Aна и Антонио од Гевгелија освоија – две ПРВИ места во Струга

Aна и Антонио од Гевгелија освоија – две ПРВИ места во Струга

12 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал
  • ЛИДЛ ВРАБОТУВА!
  • Учениците од ООУ „К.Мисирков“ Гевгелија – Регионални ПРВАЦИ во фудбал

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Гевгелиските средниошколци  ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025
ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

мај 8, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist