На спортскиот тркачки настан „Кавадаречки полумаратон 2024“ што се одржа вчера, недела 10 март, во градот на Тиквешијата најдобра од 30-те атлетичари-сениори од Гевгелија беше Цеца Србова која се искачи на подиумот за освоеното ВТОРО место.
Од машките учесници на „Меридиан – Кавадарци 2024“ на истата трка во машка конкуренција најдобар од гевгелиските учесници беше Влатко Семенаков. Тој со истрчано време од 20:46 минути на трасата долга 5300 метри освои 10-то место од 430 натпреварувачи во оваа категорија. Ова време е воедно најдобро време постигнато на оваа должинска патека во Атлетскиот Клуб „7ми Ноември“.
Инаку од останатите гевгелиски атлетичари, членови на АК „7ми Ноември“, на стазата од 5,3 км со резултатите следуваа:
– Насе Епов 17-ти со време од 23:03 минути, па следуваат
– Петар Лешев 36-то место со време 25:22 мин,
– Мартин Итов 40-то место (25:51 мин.),
– Никола Ковачев 45-то место (26:33).
На полумаратонската траса од 21,1 км најдобро време од гевгелиските атлетичари имаше Андоновски Мијалчо, кој од 60 тркачи кои учествуваа на трката се пласираше на 47-мо место. Нели спортската максима е „најважно е да се учествува“, а маратонската максима е плус: „Да се истрча целата делница до целта“.
Од настапот на тркачкиот настан во Кавадарци со пехари за освоени ПРВИ места беа децата Максим Ангов (11 год.) трка на 500 метри и Антонио Каракабаков (13 год.) на трката од 600 метри за деца.
Максим и Антонио освоија ПРВО место на детска трка во Кавадарци
Настанот се одржа во организација на атлетскиот клуб „Меридиан“ од Кавадарци.
Честитки до учесниците, до освојувачката на подиум и остварените спортски резултати за тркачите од АК „7ми Ноември“!