Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди при Општина Гевгелија денеска не го затвори списокот на пријави од граѓани за претрпени штети од невремето со град во Гевгелија и околните населени места.
Иако беше најавено дека од утре, сабота ќе излезат на терен за проценка на штетите, сепак рокот за пријавување на штети е продолжен заклучно со среда, 20 март до 15 часот.
Причина за ваквото продолжување на временскиот рок за достава на пријави-барање за наплата на штета е поради зголемениот интерес на граѓаните за пријавување на штети од последното невреме во Гевгелија и гевгелиско од 7 и 12 март годинава. Не само земјоделските посеви, предмет на пријавување штета се и столчените каросерии на автомобилите, шофершајбните, автомобилски стакла, земјоделската опрема, пластеници, лозови и овошни насади.
Поради тоа:
ПРОДОЛЖЕН е РОКОТ за ПРИЈАВУВАЊЕ ШТЕТИ од невремето до 20 март, среда, до 15 часот.
Ги потсетуваме граѓаните кои имаат претрпено штета од невремето дека заедно со пополнетиот Образец за барање проценка на штета и законска надокнада за истата, заедно со барањето ќе треба да ги приложат и следните документи:
– Имотен лист или договор за закуп за земјиштето кое го обработува,
– документи за сопственост на машини или опрема (доколку се пријават за оштетени од невремето),
– документи за сопственост на жива стока (ако се пријави како угината од невремето),
– или други документи, во зависност од тоа што е оштетено,
– копија од лична карта и
– трансакциска сметка на подносителот на барањето.
Барањето, образец за пријава на штета од невреме, може да се подигне од просториите на Општинската зграда, од пултот на влезот и истиот е потребно да се пополни, известуваат од локалната самоуправа.
Југот обеле од врнежи од град – с.Мрзенци и с.Богородица гевгелиско најпогодени
Второто невреме со град ги задеси жителите на југот, само после пет дена од првото невреме кое се случи на 7 март. Гевгеличани се ужаснати – фалената топла зима во која не видоа ниту еден час снег донесе променлива дождовна сезона со порои и непосакуваните врнежи од град., со реприза и на 12 март.