Едногодишниот Јаков од с.Трстија, Виница кој имаше дијагноза за редок вид на леукемија (Dg.Leukaemialymphoblastica acuta) со помош да добрите луѓе од Македонија замина на лекување во Турција и овде вчера му беше извршена трансплантација на коскена срж.
За неговото лекување беше упатен хуманитарен апел за собирање на финансиска помош за семејството кое не можеше само да ги обезбеди потребните 20.000 евра за болнички и оперативни трошоци за нивниот син Јаков. Помогнаа хуманите луѓе од Македонија и од Гевгелија.
Посебна хуманитарна акција организираше и екипата на „Диверзија“ која отпечати календари со фотографии од сцени од нивните скечеви и успеа да собере 33.432,- денари . Истите беа донирани за лекувањето на Јаков.
Еве го Јаков со медицинскиот тим, како љубопитно ја разгледува околината.
Тоа е здравјето.
Да живееш, да гледаш, да растеш, да посегнуваш по се’ што те интересира детуле. Расти здраво и радувај му се на животот, уште многу, многу години!
Од името на родителите упатена е огромна благодарност до сите кои донираа, а посебно до „Диверзија“ и несебичната помош од граѓаните на Гевгелија.