Матичните лекари денеска од 12 до 16 часот нема да прегледуваат пациенти, како знак на револт поради убиството на нивниот колега лекар кој беше пронајден мртов со убодни рабни на паркингот пред поликлиниката Железара во Скопје.
Лекарот Ацо Трпковски (67) од Скопје беше пронајден мрвот со неколку убодни рани во неговото возило во четвртокот вечерта.
И гевгелиските матични лекари со затварање на своите ординации за прием на пациенти денеска ќе искажат револт за грозното убиство на нивен колега. 22 членови на Асоцијацијата на матични лекари на ваков начин после пладне ќе бидат ндостапни за пациентите. Тие што работат во двократни смени најавија дека нема да примаат пациенти и во терминот од 18 до 20 часот
Претседателката на здружението на матични доктори, Лидија Чолкакова Дервишова, кажа дека е неопходно да се донзе закон за докторската дејсност во која ќе се дефинифираат условите, правата и должностите на лекарите.
Реагираше и Лекарската комора која бараше брзо да се расчисти убиството на лекарот.