Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец-Полин“ од Дојарн денеска со својата механизација излезе на терен и го најави почетокот на работите за санација и рехабилитација на колекторскиот систем во Дојран.
Ова е значаен проект за општина Дојран зошто значи решавање на децениски проблем, важен за заштитата на Дојранското езеро, езрските води, а со тоа и биодиверзитетот во езерото.
Деновиве беше завршена е тендерската постапка и започнува изградба на нова пречистителна станица за отпадните води од Дојран.
Минатата недела градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова потпиша нов договор, директна поддршка од програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2024 година.
Одобрени се дополнителни 53.000.000 денари за целосно заокружување на финансиската рамка и реализација на проектот за заштита на Дојранското Езеро, во кој се реализира целосна санација на колекторскиот систем, изградба на нова пречистителна станица, изградба на целосна канализациона мрежа во с.Црничани и изградба на две мини пречистителни станици во Фурка и Црничани.
Канализационата мрежа во с.Црничани е веќе изградена. Денеска од ЈПКД „Комуналец-Полин“ ја започнаа реализацијата на проектт за реконструкција и санација на колекторскиот систем.
– „Заштита на Дојранското Езеро и животната средина се врвен приоритет. Решаваме децениски и круцијални проблеми, резултатите допрва доаѓаат, а Општина Дојран конечно го добива она што навистина го заслужува“ – истакнаво оваа прилика градоначалникот Ангов.
Дојран, јужниот езерски бисер на Македонија го заслужува сето внимание од нас посетителите, и целиот ангажман на надлежните кои ќе го одржуваат, надградуваат и прават поубав, почист, помодерен туристичко-езерски центар.