Денес и утре, 18 и 19 мај во трите општини од југот се изведува еден спортски новитет – Првите Мали Олимписки игри за основните училишта во државата, чиј домакќн се општините Богданци, Дојран и Валандово.
МОИ е најмасовен спортски настан во кој учествуваат ученици од 40 основни училишта, а се одржуваат во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија.
Околу 500 учесници, ученици спортисти ќе се натпреваруваат во четири спортски дисциплини: кошарка, одбојка, фудбал и футсал, во две категории: машки и женски.
Натпреварите се одигруваат во спортските сали во трите општини и тоа:
– Во Богданци, во спортската сала „Млаз“ се одигруваат натпреварите по ракомет;
– во Стојаково, во спортската сала „Манданата“ ќе се одиграт натпреварите во кошарка;
– во Валандово во две спортски сали „Филип Втори“ и салата во ООУ „Гоце Делчев“ ќе се одиграт натпреварите во одбојка женски и футсал во двете категории;
– во Дојран ќе се одиграат натпреварите во фудбал и одбојка за машки.
Досега се одржуваа општински и регионални спортски натпревари за основните училишта. Годинава за прв пат основните училишта од овие три општини конкурираа до Федерацијата на училишни спортови за да бидат организатори и домаќини на Малите Олимписки игри за Основните.училишта во државата.
– „За да стигнеме до оваа фаза претходно училиштата поминаа општински натревари, па зонски натпревари и најдобрите три екипи одат на Олимпијада“ истакна Петар Кондурџиев од Богданци. Вјупно 40 екипи од училиштата кои победија во зонските натпревари денеска се на МОИ на терените во Богданци, Валандово и Дојран.
Пред почетокот на спортската фешта, домаќините во Богданци денеска приредија и свечена културна програма за посетителите на трибините и учесниците на МОИ.
Еве дел од спортската атмосфера.