По изборниот пораз на партијата на Ердоган на локалните избори во Турција кои се одржаа вчера, недела, во Истанбул одекнуваше песна на Нада Топчагиќ.
Bayrampaşa Yıldırım Mahala pic.twitter.com/ViwcmObv2O
— Dionysos (@inciataseven) March 31, 2024
На интернет се прошири вчерашното видео од Истанбул, создадено по победата на опозицијата на локалните избори.
Во населбата Бајрампаша се радуваше со песната „Јутро је“ која ја пееше српската пејачка Нада Топчагиќ. Интересно е што меѓу насобраните со турски знамиња можеше да се забележи и знамето на поранешна Југославија. Се славеше и во други делови на Истанбул.
Bayrampaşa da yaşayan Boşnaklar İBB Başkanlığını Yeniden Kazanan Ekrem İmamoğlu Zaferini Kutluyor.
Boşnak Vatandaşlar Jutro Je çalarak kutluyor.@ekrem_imamoglu pic.twitter.com/JAdlOygBUM
— Bosnaklar1.com (@bosnaklar1com) March 31, 2024
Песната ечи и после полноќ, во утринските часови од 1 април по констатираната победа на опозицијата во Истанбул.
İstanbul, Bayrampaşa Yıldırım mahallesinde kutlama devam ediyor… 🇹🇷 pic.twitter.com/mJoTq6pXTR
— Nihat Bayraktar (@BayraktarNihat) March 31, 2024
За потсетување, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кандидат на најголемата турска опозициска партија ЦХП, прогласи победа, велејќи дека води со повеќе од еден милион гласови по преброените 96 отсто од гласачките ливчиња.
На локалните избори партијата на претседателот на Турција Ердоган изгуби во поголемите градови на Турција. Ердоган имал победи во градовите погодени од катастрофалниот земјотрес лани во февруари.