Селекторот на Женската Пионерска ракометна репрезентација на Македонија У-15, Славиша Димитриевски денес го објави поширокиот список на ракометарки за претстојната ЕХФ недела. Во изборот на девојки за пионерската репрезентација на Македонија се најдоа и две девојки од Гевгелија.
Тоа се:
1. Драгана Кузманова родена 2011 година ,14 годишна ракометарка, и
2. Анастасија Горговска, родена 2011 година, 14 годишна ракометарка.
И двете се членки на ЖРК „Гевгелија“ веќе 4 години, а од оваа година продолжуваат да тренират и да настапуват за ЖРК „Гевгелија Југ“.

Собирот за избор на ракометната пионерска репрезентација за женски од 52 поканети девојки е закажан да се одржи на 13 октомври (понеделник) во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток во 13:30 часот..
Им посакуваме прецизни удари, вештини покажани на теренот на нашите девојќи и прием во репрезентативниот тим на Македонија за ракометарки-пионерки.





















