петок, 20, ноември 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СВЕТ

Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот во Појасот Газа

Примирјето во Газа стапува во сила денеска, а се очекува сите заложници на Хамас, вклучувајќи ги и телата на загинатите, в понеделник да им бидат предадени на семејствата

октомври 9, 2025
in СВЕТ
Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот во Појасот Газа
0
SHARES
34
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, ослободување на сите заложници и прекин на огнот во Газа. Претседателот Трамп објави дека очекува заложниците што ги држи Хамас да бидат ослободени наскоро.

Доналд Трамп: „Ова значи дека сите заложници ќе бидат ослободени многу наскоро, а Израел ќе ги повлече своите трупи на договорената линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир“.

Related posts

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

ноември 19, 2026
ВИДЕО: Страотна несреќа во Бугарија, во верижен судир настрадаа 11 лица, 48 се повредени

ВИДЕО: Страотна несреќа во Бугарија, во верижен судир настрадаа 11 лица, 48 се повредени

ноември 10, 2026

Примирјето во Газа стапува во сила денеска, а се очекува сите заложници на Хамас, вклучувајќи ги и телата на загинатите, в понеделник да им бидат предадени на семејствата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави договорот нарекувајќи го голем ден за Израел.

Бенјамин Нетанјаху: „Ова е дипломатски успех и национална и морална победа за Државата Израел. Преку непоколеблива решителност, моќна воена акција и големите напори на нашиот голем пријател и сојузник- претседателот Трамп, стигнавме до оваа критична пресвртница“.

Палестинците и семејствата на израелските заложници излегоа на прослави откако беше објавено дека Израел и Хамас постигнале договор за крај на војната во Газа и за враќање на сите израелски заложници- и живи и починати.
Во Кан Јунис, луѓето излегоа на улиците, танцувајќи и ракоплескајќи од радост. Прослави имаше и во повеќе раселенички кампови.

Во Тел Авив, семејствата на заложниците скандираа „Нобелова награда за Трамп“.

Еинав Зангаукер – мајка на заложник: – „Ви благодарам претседателе Трамп. Ви благодарам на сите што помогнавте моето момче и сите заложници да се вратат дома. Нема да застанеме додека последниот заложник не се врати во Израел“.

Хамас потврди дека се согласил со договорот, кој предвидува крај на војната во Газа, повлекување на израелските сили, влез на хуманитарна помош и размена на затвореници. Организацијата им се заблагодари на Трамп и на медијаторите од Катар, Египет и Турција, повикувајќи ја меѓународната заедница да го обврзе Израел да ги спроведе договорените обврски. Светските лидери го поздравија мировниот договор за Газа нарекувајќи го „историски чекор кон завршување на двегодишната војна во Газа“.

Антонио Гутереш – генерален сокретар на ОН: „Ги повикувам сите страни целосно да го почитуваат договорот. Борбите мора да престанат еднаш засекогаш, а страдањето на цивилите мора да заврши“.

Спогодбата, која се базира на американски план од 20 точки, предвидува целосно повлекување на израелските трупи од Појасот Газа, ослободување на 48 заложници и воспоставување привремена палестинска власт која ќе управува со енклавата.

Возило на изрелската војска се повлекува од Газа

Што означува „Фаза 1“ за Газа и за светот

• За Газа — можност за барем делумна олеснување: хуманитарни коридори, враќање на најкритичните потреби, враќање на тела на загинати заложници.

• За Израел — тест за способноста на владата да направи чекор кон преговори, без да се загрози чувството за безбедност.

• За светот — овој договор може да биде модел: чекор по чекор до трајно решение, доколку се спроведува доследно.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Драгана и Анастасија од ЖРК „Гевгелија Југ“ со повик за пионерска репрезентација

Next Post

Андреј Димов од Гевгелија обезбеди пласман за следниот круг на Олимпијадата по биологија

Next Post
Андреј Димов од Гевгелија обезбеди пласман  за следниот круг на Олимпијадата по биологија

Андреј Димов од Гевгелија обезбеди пласман за следниот круг на Олимпијадата по биологија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Доделени признанија на тимот лекари кои ја изведоа првата трансплантација на црн дроб во Мекедонија

Доделени признанија на тимот лекари кои ја изведоа првата трансплантација на црн дроб во Мекедонија

4 години ago
Црковните храмови подготвени за „Воскресение Христово“

Црковните храмови подготвени за „Воскресение Христово“

4 години ago
Големи нереди во Непал – запален Парламентот, жива запалена сопругата на Премиерот

Големи нереди во Непал – запален Парламентот, жива запалена сопругата на Премиерот

1 година ago
Миравци го одбележа празникот на своите патрони Св.Константин и Елена

Миравци го одбележа празникот на своите патрони Св.Константин и Елена

6 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони
  • Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија
  • Иновација на средношколци од Богданци – „MediGuard Box“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

Од утре петок се затвара автопатот Солун-Евзони

ноември 19, 2026
Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

Изложбата „Спомени од сцената“ -102 години од првата детска опера во Гевгелија

ноември 19, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist