Планинска трка која води низ најубавите шумски појаси на Водно и кањон Матка во близина на Скопје, по седми пат со 600 учесници што го направи настанот спортско доживување за оваа недела.
Натпреварите се одржаа денеска во три категории: долга трка 45 км (со висинска разлика од 2.400 мнв), средна трка 32 км и висинска разлика од 1.800 метри надморска височина и мала трка со растојание од 10 км и висинска разлика од 600 мнв.
На истата настапија четворица гевгелиски атлетичари: Валентина Узунова на долгата трка, и тројца претставници на АК „7ми Ноември“ на средната трка од 32 км: Дарко Прошев, Мики Петровски и Зоран Иванов.
Најдобро време од машките учесници постигна Дарко Прошев со време 5ч, 19 минути и 52 секунди на патеката долга 35 километри и освоено 8-мо место во категоријата „М 45-49“
Вториот учесник од Гевгелија Мики Петровски постигна веме од 6:30:50 и освои 20-то место во категоријата „М-40-45“
Зоран Иванов – 6:30:51 и освоена 21 позиција во категоријата „Мажи 40-44“.
Вака изгледаше стартот на трката, а ви нудиме и поглед од живописниот амбиент на патеките со поглед од Водно:
Ова е екипата на гевгелиски атлтичари со своето клубско знаме АК „7-ми Ноември“ и „November Run“
Инаку Зоран имаше многу проблеми да ја заврши трката, имаше грчеви во мускулатурата на нозете. Благодарение на спортскиот фер-плеј и другарски однос на атлетскиот колега Мики Петровски од АК „7ми Ноемнври“ Гевгелија, кој му помогна на трасата, Зоран успеа да ја истурка трката која беше многу тешка и захтевна. Помагачот Мики, следејќи го напредокот на Зоран на нерамните патеки на „Матка Треил“ го бодреше Зоран се’ до целта каде влегоа речиси заедно, на само една секунда зад него. Така другарите покажуваат дека другарството трае, а медалите се минливи и менливи со секој нов спортски успех.
Спортски поздрав и честитки за постигнатиот успех на гевгелиските атлетичари!
Влез во Целта !