понеделник, 18, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

СЕЌАВАЊЕ: Шест години без Мирче Ќорнаков

Шесткратен првак на Македонија во мотокрос (евиденција до 2013), носител на награди на меѓународни мото натпревари, член на Мото Клуб „Вардар“, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди, гевгеличанецот Мирче Ќорнаков почина на денешен дена, 10 април во 2018 година

април 10, 2024
in МОЗАИК, ФОКУС
СЕЌАВАЊЕ:  Шест години без Мирче Ќорнаков
0
SHARES
123
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Шесткратен првак на Македонија во мотокрос (евиденција до 2013), носител на награди на меѓународни мото натпревари, член на Мото Клуб „Вардар“, параглајдерист, кајакар и неуморен трагач по спортските возбуди, гевгеличанецот Мирче Ќорнаков почина на денешен дена, 10 април во 2018 година.

Пред да го напушти овоземниот свет ја имаше најубавата глетка над Гевгелија и гевгелиската низина спуштајќи се од висините на Кожуф со параглајдер, а атерирајќи некаде кај Серменин на новото слетиште пред црквата „Св. Илија“. И покрај силниот ветер тој ден Мирче го реализираше летот и спустот перфектно, велат од неговиот тим. Но, потоа ненадејно му се слоши и набргу почина. Имаше само 47 години.

Related posts

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025
Мирче Ќорнаков (1971-2018) – шесткратен државен првак на Македонија во мотокрос

Поле широко колку неговата душа, голема, неизмерна, со срце полно адреналинска возбуда, така го заврши животот овде, а продолжи да лета во неизмерното синило на местото каде добрите души се’ уште битисуваат.

Мирче беше адреналински трагач, но длабоко во својата душа ја имаше смирената уметничка нота. Беше основач и сопственик на фирмата за дизајн „Декоратива“, беше гитарист, член на групата „Скитници“ од Гевгелија, беше друштвен, тивок во животот, а експлозивно умешен и забележителен во своите настапи.

Како сопруг и татко остана незаборавен за семејството, како шесткратен државен првак на Македонија во мотокрос остана инспираcија за новите моторџии од Гевгелија и Македонија, како уметник остави насока за нови дизајнерски определби на млади бизнисмени од Гевгелија, како човек остави многу пријатели кои ќе го спомнуваат и паметат.

Мирче со својот мотор бр. 14 со кој оствари бројни победи

Вечна ти слава и незаборав Мирче!
Сега имаш неизмерно небо на кое можеш да леташ и поставуваш нови рекорди, а ние ќе се сеќаваме на тебе СЕ’ НАЈДОБРО!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Колач од овесни снегулки и банана без глутен

Next Post

Филипче во Гевгелија: Од ден во ден поддршката расте, ВМРО-ДПМНЕ ќе се шокира од резултатот во четворката

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Спасени четири лица заглавени на жичара на Водно

ВИДЕО: Спасени четири лица заглавени на жичара на Водно

2 години ago
Фејсбук повторно достапен, има проблеми со Инстаграм

Фејсбук повторно достапен, има проблеми со Инстаграм

1 година ago
Исчистен патот и каналот крај патот за с.Ума

Исчистен патот и каналот крај патот за с.Ума

1 година ago
ВИДЕО: Кирил Зарлинов подготвува нови песни со гласот на ТОШЕ

ВИДЕО: Кирил Зарлинов подготвува нови песни со гласот на ТОШЕ

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф
  • Лишен од слобода млад гевгеличанец
  • Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist