Незаборвниот глас на Тоше Проески стои снимен со нови не слушнати песни, во негова изведба на компјутерот на музичкиот водител, продуцент, ДиЏеј Кирил Зарлинов со кој тој долги години пријателуваше.
Вокалот на Тоше не можеше да се издвои од демо снимката снимена во компјутерот за потоа да се направи студијска снимка, и тој музички новитет останал заробен во компјутер на гевгеличанецот Кирил Зарлинов цели 20 години заради техничките ограничувања. Материјалот е снимен во 2004 година, а „светлото на денот“ го виде песната „Кажу да време лечи све“ која беше изработена со помош на вештачка интелигенција.
Гласот на Тоше со новата АИ технологија беше издвоен, музички збогатен инструментално и аранжмански и претставуваше вистинско изненадување за фановите на Тоше по повод неговиот 43 роденден на 25 јануари годинава, вели Зарлинов.
Тој во програмата на српската телевизија „Јутро на првој“ вели дека постојат уште две никогаш не објавени песни од Тоше за кој е сигурен дека ќе станат хитови.
Водителката го праша нашиот Кире, бидејќи бил долгогодишен добар пријател и соработувал со Тоше Проески: „По што го паметите Тоше? Каков е тој? Каков беше во животот?“
Кире воздивна, со тешка физиономија на лицето: – „Тешко е да се опшише неговиот лик и дело со неколку зборови. Пред се’ беше културно и воспитано момче. Постоеше некоја енергија, некоја харизма во него, како некој „Х“ фактор што не се опишува со зборови, како некоја „божја енергија“ што беше околу него цело време. Тој беше нон-стоп насмеан, сакаше да снима, да пее, беше ентузијаста и имаше полно животна енергија во себе. Нон стоп им помагаше на луѓето, на тие кои беа во невоља, со еден збор беше голем хуманитарец“ – реча Кирил и на секунда се стресе од сите чувства кои му навреа во моментот додека го опишуваше човечкото битие ТОШЕ Проески.
Новите песни со гласот на Тоше се големо ианенадување за македонската и Балканската публика. Ја чекаме следната која Кире ја најави да излезе за следниот 44 небесен роденден на Тоше на 25 јануари 2025 година.
Проследете го целиот разговор за продукцискиот новитет од Тоше – зборува Кире Зарлинов. Ние ќе го пофалиме како момче кое е од Гевгелија, водителските почетоци ги имаше во „Радио Гевгелија“ продолжи во „Антена 5“ каде се’ уште работи и е познат како DJ Erik Fox
Еве го во целост интервјуто на Кирил Зарлинов за Српската Телевизија „Јутро на првој“.