Интересна и интерактивна настава реализирана денеска со учениците од комбинираната паралелка во с.Моин заедно со нивната наставничката Трајанка Димовска Андонова, а во соработка со родителите.
Реализирана е настава во природа со посета на животнинса и земјоделска фарма на домаќинство од Моин.
Децата видоа домашна живина, кокошки, мали пиленца, престојувалиштето на свињите, трлото на домашните кози, гулабарникот со домашни гулаби. Научија колку се меки и мили пиленцата, каде кокошките ги положуваат своите јајца, колку се брзи козите, слушнаа како грофта свињата.
Со прошетката во природа учеа за полските растенија, цветови и правеа разлика мегу домашните украсни цвеќиња.
За се’ треба многу грижа за да бидат животните нахранети, здрави, за да користиме здрави производи од нив, грижа за цвеќињата, но и сета природа која не’ опкружува.
Прекрасен ден поминат во природа со нови знаења кои децата ги „проголтаа“ со поглед, со допир, со доживеаното искуство во средба со животните од фармата и тамошните стопани. Можеби некогаш, кога ќе пораснат и тие ќе бидат свои стопани и домашни производители на здрава и вкусна домашна храна.
Часот во природа се реализираше во рамките на наставната програма по предметот „Општество и природа“ со децата од ПУ во Моин, кое функционира во рамките на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија.