сабота, 12, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Гевгеличани се претставија на „Везилка“ на Алфа ТВ

Традиционалните вредности на Гевгелија преточени во песна, игра и кулинарски специјалитети беше изборот со кој се претставија гевгеличани пред телевизиската публика на „Алфа“

април 22, 2024
in ФОКУС
Гевгеличани се претставија на „Везилка“ на Алфа ТВ
0
SHARES
404
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Related posts

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025
Почина Борис Дојранлиев (1959-2025)

Почина Борис Дојранлиев (1959-2025)

јули 11, 2025

Традиционалните вредности на Гевгелија преточени во песна, игра и кулинарски специјалитети беше изборот со кој се претставија гевгеличани пред телевизиската публика на „Алфа“.

Ансамблот „Распеани гевгеличани“ со петдецениското постоење и негување на народната традиционална песна од Гевгелија и гевгелиско е нешто неизбежно кога се претставува градот на југот.
Тие се претставија со сплет песни од гевгелиско.

„Распеани гевгеличани“ пред настапот на „Везилка“

Народните ора, моминското везено чекор по чекор, расните момчешки игри беа резервирани за Ансамблот „Бојмија“ кој зад себе има завидна 20 годишна активност на сцените во Македонија и низ светот со презентација на македонската култура и традиционалните македонски ора.

Ресторанот „Јавор“ и вкусното јагнешко не може да се заобиколи кога се зборува за угостителството и гостопримството на посетителите на Гевгелија. Тоа го вкуси и водителката на „Везилка“ Адријана Алачки.

Ресторан „Јавор-Агапи“ Мрзенци

Домашните рецепти на сукано, печено, под вршник, во камена фурна, со кајмак, со овчјо кисело млеко, полеано со планинска вода и сервирано на планински воздух е богатството со кое се претстави новата угостителска дестинација во гевгелиско  „Серменински чардак“. Домаќините не штеделе во изненадувањата за свечената трпеза на „Везилка“ за време на гостувањето во емисијата.

Од висините на Кожуф „Серменински чардак“ стаса на гостување во „Везилка“

Овде се и специјалитетите на „Де факто“, за оние кои сакаат добар вкус, сервирано со поглед на реката Вардар.

Угостителската понуда на „Де факто“ презентирана во „Везилка“

И кога гостите ќе сакат нешто да понесат како спомен за сеќавање од гевгелија, освен добриот вкус на домашните јадења приготвени од мајсторите на угостителската препознатливо вкусна понуда во гевгелиските ресторани, тука се креациите на уметницата Гордана Петрова која изработува теракоти од гевгелиски знаменитости: артефакти од Вардарски рид, препознатливата архитектура на градската библиотека во Гевгелија, познатите јужни плодови од поднебјето – смоква, калинка и слично.

Ликовниот уметник Гордана Петрова и водителката на „Везилка“ Адријана
Изработките од глина на Гордана Петрова

Гевгелија се сака со песна, со игра, со угостени дојденици, со подарок за сеќавање на убавиот југ, на топла, распеана и гостопримлива Гевгелија.

  • „Везилка е најгледаниот во моментов, а слободно можам да кажам и најубавиот проект на Алфа телевизија. Алфа телевизија е посветена на промоцијата и негувањето на македонската култура и традиција и со овој проект ние го правиме токму тоа“, велат од уредничкиот тим на емисијата.

    А, гевгеличани благодарни што тие по четврти пат, како препознаена вредност на македонската култура и традиција гостуваат во оваа музичко-забавно шоу.

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Д-р Филипче: Николоски е озборувач без политичка култура

Next Post

Интервју со Елизабета Стефановска – кандидат за пратеник од СДСМ Гевгелија

Next Post
Интервју со Елизабета Стефановска – кандидат за пратеник од СДСМ Гевгелија

Интервју со Елизабета Стефановска - кандидат за пратеник од СДСМ Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Се асфалтираат ископите на улица  „Моински пат“

Се асфалтираат ископите на улица „Моински пат“

2 години ago
Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

1 година ago
Aвстрија е победник на Евросонг 2025

Aвстрија е победник на Евросонг 2025

2 месеци ago
ВИДЕО: Незаборавното шоу на Грејс Џонс во Скопје!

ВИДЕО: Незаборавното шоу на Грејс Џонс во Скопје!

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија
  • Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ
  • Хуманата мисија „За нашите мали херои“ – 10ти ден од маратонот до Острог

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

јули 12, 2025
Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

јули 11, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist