Излезноста на гласачите во општина Гевгелија до 15 часот е 43,15%, известуваат од ОИК.
До сега вкупно гласале 8.081 граѓани со право на глас од вкупно запишаните 18.787 лица во избирачкиот список за општина Гевгелија.
Ова е поголема излезност од просекот на излезност на гласачите во Македонија, до 15 часот истиот изнесува 34,68%.
Во другите општини од југот излезноста до 15 часот е: Богданци 36,46%, Валандово 36,39%, Дојран 44,10%.
За споредба: И во 13 часот излезноста во општина Гевгелија беше повисока од државниот просек на излезнос. Гевгелија бележеше 31,60% , а РСМ 24,82%.
Повисок просек на излезност имаше до 13 часот и во општините од регионот: Дојран со најголем одзив на гласачите кои го ствариле своето демократско право во обем од 29,11%, општина Богданци 26,70%, општина Валандово со 25,95%, Струмица, со 24,15%.
Остануваат уште нешто повеќе од три часа до крајот на гласањето. Гласачките места се затвараат во 19:00 часот.