сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Д-р Филипче до младите: Единствен начин за трајна трансформација на општеството е интеграцијата во ЕУ

Филипче до младите - СДСМ не ги изневери младите и ќе продолжи да работи на трајна трансформација на општеството која ќе значи подобар живот и можности за секој

април 29, 2024
in MАКЕДОНИЈА
Д-р Филипче до младите:  Единствен начин за трајна трансформација на општеството е интеграцијата во ЕУ
0
SHARES
199
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Младите се движечката сила, покренуваат револуции и создаваат иновации и затоа нивните идеи се клучни за развојот на едно здраво и демократско општество.
Ова го истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче на трибина со млади во Струмица.

  • „Едно општество е живо колку што е мотивирана неговата младина. Кога кај младите се јавува апатија, кога кај нив паѓа ентузијазмот и интересот, тоа општество оди во погрешен правец и назадува. Тогаш нема иновација, тогаш нема револуција, тогаш нема жар за напредок”, рече Филипче.

Филипче е свесен дека кај младите постои незадоволство поради потрошените години и бројните обиди Македонија да се ослободи од минатото и да напредува.

Related posts

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

септември 27, 2026
ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

ОЈО ГОКК: Истрага за царинска измама со цигари – штета на Буџетот од над 250 милиони денари

септември 26, 2026
  • „Во Македонија со години се мачиме да излеземе, да се пробиеме, да се ослободиме од минатото и да ја зграпчиме иднината. Младите, со право, очекуваат повеќе. Но младите не смеат да заборават на клучна работа, која СДСМ ја почна храбро и, за жал, поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ не ја заврши. А тоа е обезбедување на трајни реформи и можности преку интеграција во Европската Унија. Ова е заложбата на СДСМ за младите и тоа не само за вашата генерација, туку и за сите следни генерации”, потенцираше Филипче.

Во таа насока, Филипче додаде дека СДСМ не ги изневери младите и ќе продолжи да работи на трајна трансформација на општеството која ќе значи подобар живот и можности за секој. Најдобро тоа го знаат младите, кои имаат комуникација со своите врсници и се свесни за придобивките што можат да ги добијат доколку земјата стане членка на Европската Унија, рече Филипче.

  • „Вие сте млади луѓе комуницирате со вашите врсници од светот, некои веројатно и биле, прошетале, се запознале. Прашајте ги за можностите кои ги нуди ЕУ. Прашајте како нивната земја се променила после влезот во Европската Унија, какви можности добиле тие. На пример во Бугарија, во Хрватска или другите земји кои неодамна се во ЕУ. Ќе видите дека единствен начин вистински, трајно и за сите подеднакво да го подобриме општестовото е интеграцијата во ЕУ”, изјави Филипче.
Филипче на трибина со младите во Струмица

Тој ги повика младите да не се обесхрабруваат и да не дозволат повремените пречки и порази да ја спречат реализацијата на нивната цел.

  • „Оваа цел е искрена, правилна и проверено значи подобар живот за сите. Се друго што нуди ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии е несигурен избор и ризик од непозната иднина”, рече Филипче.

Токму затоа ова се избори кои ќе ја поместат земјата и младината од раскрсницата на која во моментов се наоѓа Македонија, а младите ја имаат силата преку својот глас да го направат вистинскиот избор за да продолжиме кон патот што значи посветла и постабилна иднина, рече Филипче пред младите.

„Гласачкото ливче и пенкалото се вашата алатка за создавање на иднината. Ова е вашиот момент да изберете и бирајте мудро. Вашиот избор може да направи монументална разлика. Разговарајте со вашите врсници, вашите семејства, вашите соседи. Кажете им за влогот на овие избори. Мобилизирајте, организирајте и инспирирајте ги сите до кои можете да дојдете. Заедно, можеме да го свртиме бранот на овие избори”, потенцира Филипче.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Уапсени и осудени двајца македонски државјани во Грција

Next Post

Кандидатката за пратеник од СДСМ Гевгелија Елизабета Стефановска со поддршка на земјоделските производители

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

МВР: Малолетничките од струмичко се пронајдени на булеварот Борис Трајковски

МВР: Малолетничките од струмичко се пронајдени на булеварот Борис Трајковски

3 години ago
Гевгелија – градот на точаците

Гевгелија – градот на точаците

1 година ago
Пожарот кај Кованец веќе четврти ден тлее и сам се разгорува

Пожарот кај Кованец веќе четврти ден тлее и сам се разгорува

2 години ago
Дива свиња капиталец тешка 150 килограми уловена на Кожуф планина

Дива свиња капиталец тешка 150 килограми уловена на Кожуф планина

9 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија
  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

ВИДЕО: Македонска песна во Воден, Егејска Македонија

октомври 2, 2026
ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist