Првомајските трки во Стојаково денеска беа празнично спортско одбележување по 73 пат во ова населено место.
И годинава Меѓународниот ден на трудот 1 Мај се одбележа спортски и со сенародна забава во с.Стојаково Богданско.
На пиедесталот беа спортските докажани атлетичари, ентузијасти, децата, постарите, сите со своите мускули и спортска издржливост го славеа спортски денот на трудот.
Најголемо достигнување имаше Влатко Семенаков од Гевгелија кој пристигна прв на најдолгата траса од 11 километри на Првомајските трки во с.Стојаково. Се возеше делница од Стојаково – Богданци – бензинска „Шимов“ – Стојаково. Влатко настапи како дел од тимот на АК „7 Ноември“ Гевгелија. Останати учесници беа членови на „Гевгелија точак клуб“ и локални натпреварувачи.
Локалната публика ги поздрави првите кои влегоа на целта, особено радосно што меѓу првите три, покрај искусните велосипедисти од „Гевгелија точак клуб“ пристигна и Стојан Иванџиков, жител на Стојаково, кој беше трет на трката на 11 километри со велосипед.
Aтлетскиот клуб „7ми Ноември“ од Гевгелија на трките учествуваше со 14 свои членови атлетичари и тиe постигнаа завидни резултати: Атанас Епов беше ПРВ на трката од 3 км, а по него на ВТОРО место пристигна Тодор Анчев.
Даријан Јаневски стаса ПРВ на трката на 100 метри за деца до 8 години.
Хана Климкарова освои ПРВО место на трката на 100 метри за деца до 11 години.
Хана завзеде и ТРЕТО место на трката од 1.500 метри севкупно.
Трките привлекоа и старо и младо, многумина се најдоа во своите дисциплини: трки на 100, 1500, 3000 метри за јуниори и сениори во машка и женска конкуренција, трка со велосипеди, борба на рака и влечење со јаже, а едни од најинтересните, секако, се трките со коњи и магариња, работничката трка со колички и трката со вреќи. Oваа година се воведе нова трка, насловена како трка со јајца за лица над 50 години.
Културно-уметничката програма со почеток од 15:30 часот ја исполнија следните изведувачи: членовите на Играорната фолклорна група од Стојаково, која работи во состав на КУД „Бранд Петрушев“ од Богданци, танцовата група „ДИВА“, Оливера Станковска, група „Фрка“, група “Акварела”, група „Фониа“, Томе Капсаров-Брзи и неговата група и група „Трио Форте“. Почесен гостин: Игор Џамбазов.
Настанот започна со трките од 09 часот и истиот го проследија бројни стојачани и гости од околниот регион. Меѓу присутните беа и Министерката за животна средина Каја Шукова, заменик министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, градоначалникот на општина Богданци Блаже Шапов, која пак е покровител на настанот и организаторите од Месна заедница Стојаково.
Убава традиција, убаво спортско празнување, убава забава. Нека трае и понатаму и нека се негува традицијата на Првомајските трки во Стојаково !