Први на Регионален натпревар, ТРЕТИ на Државен натпревар во ракомет за девојчињата-средношколки од Гевгелија. Ова е најновото достигнување за средношколскиот тим во ракомет женски при Општинското средно училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.
Тие денеска во салата „Тими“ во Струга во финалето за трето место го победија домаќинскиот тим од СОУ „Нико Нестор“ од Струга.
Во регуларното време за игра резултатот беше нерешен, па се продолжи со изведување на пенали да се добие победникот. Прецизните шут топки на девојките од Гевгелија и трите одбранети пенали на голманката Елена Тасевска беа пресудни за победата. Пехарот за освоено трето место отиде во рацете на гевгелискиот средношколски тим на ученичките од „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија.
Заслужни за победата, освоениот Пехар за ТРЕТО место и бронзените медали за освоено трето место се ученичките: Ступар Благица (капитен на тимот), Динева Симона, Кирова Ружица, Басова Бојана, Нена Капсарова, Никол Капсарова, Цветанка Панова, Кадиева Билјана, Снежана Кадиева, Елена Ангелова, Елена Тасевска (голман) и Теа Стефанова.
Ментор на овие разиграни и среќни носителки на Пехарот е професорката по физичко воспитување Јулија Беќарова. Таа успешно ги водеше и на Регионалниот натпревар за средночколки каде гевгелиските ученички се изборија за ПРВО место, во април годинава.
Женскиот тим на „Ј.Јосифовски“ Гевгелија освои ПРВО место на регионален натпревар во Велес
Честитки за успехот!
Нека спортот и желбата за победа Ве водат и понатаму во нови успеси во животот!