Tочно напладне со звузите на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус Помладиот, учениците матуранти од Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија танцуваа денеска јавно на градскиот плоштад пред својата гевгелиска публика со т.н. „танц на зрелоста“
На отворениот подиум заиграа 90 ученици од завршните години на сите образовни смерови во СОУ „Ј.Јосифовски“. Нив ги подготвуваше Активот за спорт во училиштето на чело со професорката Јулијана Беќарова.
Се играше квадрил, веќе петта година по ред во Гевгелија.
Нашите убави полнолетни матуранти, сите спремни за нови животни предизвици, танцуваат за својата достигната зрелост, спремни за нови успеси.
Ние им посакуваме среќа во понатамошниот живот и успешно матурирање!
Видео од денешниот настап на гевгелиските матуранти: