Во Собранието денеска во 11 часот треба да започне седницата на која треба да биде конституиран новиот парламентарен состав.
На дневен ред на седницата се четири точки, односно избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието.
Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието.а ја одбележа неговата кариера.
Според најавите, за претседател на Собранието ќе биде предложен Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата Вреди.
Во новиот парламентарен состав има и двајца новоизбрани пратеници од Гевгелија, Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ и Сашко Јанчев од партијата Левица. Тие заедно со сите 120 пратеници во собранието на почетокот на конститутивната седница треба да добијат верификација на четиригодишниот мандат.