четврток, 13, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

КК „Дојран“ освои 5 медали на меѓународен турнир во Охрид

Со четворица натпреварувачи КК „Дојран“ освои пет подиуми, 5 медали, од кои три ЗЛАТНИ за освоено ПРВО место и две БРОНЗЕНИ за освоено ТРЕТО место

мај 28, 2024
in СПОРТ
КК „Дојран“ освои 5 медали на меѓународен турнир во Охрид
0
SHARES
139
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со четворица натпреварувачи КК „Дојран“ освои пет подиуми, 5 медали, од кои три ЗЛАТНИ за освоено ПРВО место и две БРОНЗЕНИ за освоено ТРЕТО место.

Спортската гордост на Дојран на годинашниот меѓународен турнир “ОХРИД ОПЕН” 2024 во конкуренција со натпреварувачи од Македонија, Црна Гора, Србија, Грција и Косово ги потврдуваат своите вредности, враќајќи се со медали во сите категории на учество од членовите на КК „Дојран“.

Related posts

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

Коста Попристовски од Богданци – Меѓународен шаховски првак У16

август 9, 2026
Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

Гевгелија и Македонија подготвени за стартот на Европското првенство!

август 6, 2026

Носители на медали и освојувачи на подиум се:
1. Клаудио Јанковски – ПРВО место – Јуниори (категорија -61кг)
2. Христијан Кречев – ПРВО мессто – во категорија Кати (боречки потези со замислен противник)
3. Тина Упчева – ПРВО место – категорија Кумите ( до -28кг.)
4. Стоиловски Љупчо – ТРЕТО место – Кумите +35кг
5. Јанковски Клаудио – ТРЕТО место – Јуниори -68кг.

Пет освоени медали од четворица учесници од КК „Дојран“ претставува реализација од 125% на терените во Охрид.

Клаудио Јанковски е носител на ДВЕ медали – ЗЛАТЕН и БРОНЗЕН натпреварувајќи се во јуниорска конкуренција во две категории – 61 килограм и -68 килограми.

Девојчето до Дојран кое освојува победи е 9 годишната Тина Упчева – носител на ЗЛАТЕН медал на “ОХРИД ОПЕН” 2024.

Третиот носител на ЗЛАТЕН медал е Христијан Кречев.

Стоиловски Љупчо настапи во категорија Кумите У-10 и е носител на бронзен медал.

Заслужни за победите се децата натпреварувачи и трудот на нивниот тренер Лилјана Упчева која изјавува:
– „Ова беа ѕвездите на овој турнир, но тие се и нашата најголема надеж на меѓународна сцена за која веќе се подготвуваме. Турнирот во Охрид беше нашиот последен турнир од оваа сезона од календарот на МКФ. Следните турнири почнуваат на есен, а ние продолжуваме со припреми и не застануваме со работа“ – изјави неуморниот тренер на неуморните мали каратисти за настапи и победи од КК „Дојран“.

Гордиот тренер Лилјана Упчева со најмладите носители на медали, 9 и 10 годишни каратисти – Тина, Љупчо, Христијан
Пред настап на терен важен е секој детал и подготовка
ПОБЕДАааа – радост големаааа!

Тренирањето карате и настапите на турнири им носи радост на овие деца од КК „Дојран“. Но, спортот освен заложбите на терен има и трошоци кога се во прашање меѓународните настапи во странство. Токму ова е пречката четворицата членови на КК „Дојран“ кои се изборија за настап со државниот репрезентативен тим на Балканијадата во карате во Истамбул, Турција да не можат да учествуват поради огромните финансиски трошоци кои по член изнесуваат околу 500 евра. Општина Дојран и дојранскиот бизнис сектор треба да размислат за поддршка на овие шампиони од Државно карате првенство кои заради беспарица остануваат дома и оставаат празно место во државната карате репрезентација на Македонија за учество на Балканско.

Честитки за новите шампиони и СРЕЌНО понатаму на спортските терени!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Конститутивна седница на Собранието на Македонија

Next Post

Тешка сообраќајка во Валандово – прегазено е 7 годишно дете

Next Post
Тешка сообраќајка во Валандово – прегазено е 7 годишно дете

Тешка сообраќајка во Валандово - прегазено е 7 годишно дете

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Предечерие на Петковден, во чест на Преподобна Параскева

Предечерие на Петковден, во чест на Преподобна Параскева

2 години ago
Македонија запиша ПРВА ПОБЕДА на Мундијалот против Гвинеја!

Македонија запиша ПРВА ПОБЕДА на Мундијалот против Гвинеја!

2 години ago
Жителка на Мрзенци и нејзината ќерка претепани од поранешен партнер насилник

Жителка на Мрзенци и нејзината ќерка претепани од поранешен партнер насилник

4 години ago
ВИДЕО: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Синсинати и најави огномет борба против Алкарас

ВИДЕО: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Синсинати и најави огномет борба против Алкарас

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени
  • Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist