Со четворица натпреварувачи КК „Дојран“ освои пет подиуми, 5 медали, од кои три ЗЛАТНИ за освоено ПРВО место и две БРОНЗЕНИ за освоено ТРЕТО место.
Спортската гордост на Дојран на годинашниот меѓународен турнир “ОХРИД ОПЕН” 2024 во конкуренција со натпреварувачи од Македонија, Црна Гора, Србија, Грција и Косово ги потврдуваат своите вредности, враќајќи се со медали во сите категории на учество од членовите на КК „Дојран“.
Носители на медали и освојувачи на подиум се:
1. Клаудио Јанковски – ПРВО место – Јуниори (категорија -61кг)
2. Христијан Кречев – ПРВО мессто – во категорија Кати (боречки потези со замислен противник)
3. Тина Упчева – ПРВО место – категорија Кумите ( до -28кг.)
4. Стоиловски Љупчо – ТРЕТО место – Кумите +35кг
5. Јанковски Клаудио – ТРЕТО место – Јуниори -68кг.
Пет освоени медали од четворица учесници од КК „Дојран“ претставува реализација од 125% на терените во Охрид.
Клаудио Јанковски е носител на ДВЕ медали – ЗЛАТЕН и БРОНЗЕН натпреварувајќи се во јуниорска конкуренција во две категории – 61 килограм и -68 килограми.
Девојчето до Дојран кое освојува победи е 9 годишната Тина Упчева – носител на ЗЛАТЕН медал на “ОХРИД ОПЕН” 2024.
Третиот носител на ЗЛАТЕН медал е Христијан Кречев.
Стоиловски Љупчо настапи во категорија Кумите У-10 и е носител на бронзен медал.
Заслужни за победите се децата натпреварувачи и трудот на нивниот тренер Лилјана Упчева која изјавува:
– „Ова беа ѕвездите на овој турнир, но тие се и нашата најголема надеж на меѓународна сцена за која веќе се подготвуваме. Турнирот во Охрид беше нашиот последен турнир од оваа сезона од календарот на МКФ. Следните турнири почнуваат на есен, а ние продолжуваме со припреми и не застануваме со работа“ – изјави неуморниот тренер на неуморните мали каратисти за настапи и победи од КК „Дојран“.
Тренирањето карате и настапите на турнири им носи радост на овие деца од КК „Дојран“. Но, спортот освен заложбите на терен има и трошоци кога се во прашање меѓународните настапи во странство. Токму ова е пречката четворицата членови на КК „Дојран“ кои се изборија за настап со државниот репрезентативен тим на Балканијадата во карате во Истамбул, Турција да не можат да учествуват поради огромните финансиски трошоци кои по член изнесуваат околу 500 евра. Општина Дојран и дојранскиот бизнис сектор треба да размислат за поддршка на овие шампиони од Државно карате првенство кои заради беспарица остануваат дома и оставаат празно место во државната карате репрезентација на Македонија за учество на Балканско.
Честитки за новите шампиони и СРЕЌНО понатаму на спортските терени!