Викендов што измина за четворица членови на „Мотокрос Клуб Гевгелија“ беше натпреварувачки и тоа во конкуренција од меѓународен ранг.
Настапуваа на „Европскиот Мотокрос Шампионат“ во Крешево, Босна и Херцеговина каде се одржа третиот натпревар од БМУ (Balkan Motorcycling Union – BMU), во деновите 25/26.05.2024 година.
Четворицата гевгелиски натпреварувачи патуваа речиси 900 километри за да учествуваат на натпреварот на BMU.
– „Се возеше на патеката „Гајицеа“ која беше беспрекорно спремна, но сепак обилните дождови ни’ ја отежнаа трката“ – изјавуваат од „Мотокрос Клуб Гевгелија“.
Сите 4 возачи од „Мотокрос Клуб Гевгелија“ се натпреваруваа во класата „МХ“ и резултатите не изостанаа. Се постигнаа следните пласмани:
1. Васко Киров – 4 место
2. Димитар Маџунков – 5 место
3. Саше Трајков – 7 место
4. Милан Стојанов – 8 место
Следен предизвик е трката во Чачак, Република Србија која е закажана за 15/16.06.2024 година.
Нашите мотокросисти се надеваат на подобра траса и подобри резултати.
Честитки за ова остварување!