Гевгелискиот фолклорен ансамбл „Бојмија“ кој од 31.05 до 3.06. престојува во Романија и учествува на Меѓународен фолклорен фестивал денеска се закити со ВТОРАТА фестивалска награда за забележителен фолклорен настап на нашите млади играорци „бојмијци“.
Ова е уште едно признание и награда од бројните што ја красат победничката витрина на Ансамбл „БОЈМИЈА“ во овие 20 години од нивното постоење.
Фестивалот беше од интернационален ранг со уество на 15 фолклорни ансамбли од Полска, Србија, Индонезија, Романија и нашите “Бојмија” гордоста на Гевгелија и Македонија. Наградата е доделена денеска, 2 јуни, во градот Сигрет Романија.
Еве видео од денешниот настап на сцената каде Aнсамб “Бојмија” од Гевгелија со песни и ора ја освојува публиката во Романија. Гиздавите “Лазаренки” на сцената со ситно моминско оро во Baia Mare, Романија ја разнежуваат публиката, а на романците им го заиграа влашкото оро од песната „Две лири, две франки“.
Фестивалот започна со дефиле на сите учесници, членови на фолклорни друштва од Европа. Тапанот на „Бојмија“ не остана без поздрав до сите.
Гевгелискиот Ансамбл „Бојмија“ ја претставуваше Македонија и македонскиот фолклор и музика, а со тоа и народниот мелос од Општина Гевгелија и Република Македонија.
На радост на сите учесници Фестивалот заврши со ОРО на ПРИЈАТЕЛСТВОТО:
Им честитаме на нашите гевгелиски амбасадори на културата и фолклорот!