Носителите на шампионските трофеи на Детската лига на Македонија за 2022 и 2023 година, ФК „Кожуф“ генерација 2012 годинава се враќаат дома со освоениот трофеј за ТРЕТО место.
Отидоа со оптимизам за нов пехар, го освоија подиумот за третото место и бронзениот пехар.
Во полуфиналниот дуел несреќно беа поразени од ФК „Милано“, по изведување на пенали. Во регуларниот дел резултатот гласеше 2:2, а по изведувањето пенали 5:4 за екипата на ФК „Милано“. Разочарувањето за двојните шампиони на Македонската детска лига од Гевгелија беше големо.
Затоа сите свои сили ги вложија да се изборат за трето место. Тоа го сторија во дуелот со ФК „Албион“ кого го совладаа со 3:1. Третото место беше сигурно, пехарот им припадна на гевгелиските деца од „Кожуф 2012“.
Дека гевгелиските 12 годишни фудбалери беа забележителни на теренот зборува и следната освоена награда – За најдобар стрелец е избран нашиот играч Душан Петров!
– „Честитки Душан и така да продолжиш!! Оваа Генерација ветува многу за иднината на Кожуф, заедно со неколкумина играчи кои се родени 2013 година, но сепак се дел од оваа екипа!“ – истакнуваат од управата на ФК „Кожуф“ Гевгелија.
Сите заслуги на теренот ги имаат децата фудбалери, и секако нивниот посветен тренер Трајче Ников кој веќе неколку години со ред го води овој тим од успеси, до подиуми и освоени пехари.
Тимот кој носи победи и радости за гевгелиската спортска јавност, „Кожуфци 2012“ се: Душан Петров, Стефан Петровски, Филип Лазаров, Константин Танчевски, Ристе Андреев, Јован Карагонев, Антонио Митров, Виктор Митренцев, Јован Новаков, Васил Ристов, Јован Проданов, Кристијан Димитров, Филип Велевски и Илија Цуклев.
– „Целта е исполнета. Ниту еден успех не доаѓа преку ноќ, туку со напорна работа и пожртвуваност. Ова е само предигра на тоа што допрва следува“ – истакна тренерот Ников.
Така да продолжите, за КОЖУФ, за Гевгелија!