понеделник, 30, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Три пожари во еден ден во Гевгелија

Во саботата, два пати гореше во атарот на Мрзенци, третиот пожар беше на депонијата кај Конско

јуни 10, 2024
in ФОКУС
Три пожари во еден ден во Гевгелија
0
SHARES
841
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Во саботата, 8 јуни, вработените во ТППЕ Гевгелија имаа полни раце работа – во текот на денот имаше пријави за три пожари на отворен простор и на сите три благовремено интервенираа противпожарните тимови од ТППЕ Гевгелија, со што пожарите се ликвидирани.

Два пати гореше во атарот на Мрзенци, третиот пожар беше на депонијата кај Конско.

Related posts

Tрет инклузивен марш на Кожуф

Tрет инклузивен марш на Кожуф

јуни 29, 2025
Четврти ден блокада на Кожуф против изградба на хидроелектрани на Дошница

Четврти ден блокада на Кожуф против изградба на хидроелектрани на Дошница

јуни 29, 2025

Претпладнето во саботата, беше извршена интервенција во поле, во атарот на село Мрзенци. Пожарот беше ликвидиран. Причината за опожарувањето не е позната.

Втората пријава за пожар во саботата пристигна во дирекцијата на ТППЕ Гевгелија во 14:30 кога беше пријавено дека гори ниско стеблеста шума на подрачјет на Мрзенски рид. Оваа локација ангажираше повеќе противпожарни сили. На терен беа три ПП возила со осум пожарникари од ТППЕ и 6-мина вработени од Шумско стопанство „Кожуф“ Гевгелија. Пожарот најпрво беше ликализиран. Во акцијата учествуваше и багер на Винаријата „Риго“ од Гевгелија, бидејќи огнените јазици се движеа од север кон југ, во правец на индустриската зона во Гевгелија лоцирана во подножјето на Мрзенски рид. Пожарот беше целосно ликвидиран во 17:30 часот. Екипи на ШС „Кожуф“ дежуреа во текот на ноќта за да не се потпалат од ветрот веќе угаснатите згаришта.

Третата интервенција на ТППЕ Гевгелија беше гаснењето на настанатиот пожар на новата депонија во атарот на с.Конско, во пазувите на Кожуф планина. Се интервенираше со 1 ПП возило, еден багер на ЈПКД „Комуналец“ кој го посипуваше запалениот комунален отпад со земја. И овој пожар беше целосно ликвидиран.

Пожарите земаат замав, во државата, а од саботниот извештај тоа е присутно и во Гевгелија. Потребно е внимание од граѓаните за време на престој во природа, да не фрлат отпушоци од цигари, да не потпалуваат стрништа, да не работат со апарати кои испуштаат искри во близина на сува вегетација. Воопшто потребен е одговорен однос на сите заради заштита од пожари.

Ер-трактор во акција на гаснење пожар

Проблемот со пожарите дополнително го отежнува податокот дека авионите на ДЗС се вон функција. Два се испратени на сервис и се’ уште не се вратени. Директорот на ЦУК вели засега успешно менаџираат со хеликоптерите на полицијата, но смета дека високите температури ќе предизвикаат проблеми со кои потешко ќе се справуваат.

Во прашање е доведено авио одделението на ДЗС бидејќи двајца пилоти заминаа во пензија. Во дирекцијата има само уште еден пилот обучен за ер-тракторите. Се бара одобрение од министерството за финасии за да можат повторно да ги ангажираат пензионираните пилоти.

Во сезона на пожари, во пракса пилотите на ДЗС имаат и до 150 прелети.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ПРВА награда за Бојана Проданова од Гевгелија на Меѓународен литературен конкурс „Шарени бродови“

Next Post

Освоени 8 подиуми од гевгелиските атлетичари на „Трчаме за Рацин“ – Велес

Next Post
Освоени 8 подиуми од гевгелиските атлетичари на „Трчаме за Рацин“ – Велес

Освоени 8 подиуми од гевгелиските атлетичари на „Трчаме за Рацин“ - Велес

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

АК „7-ми Ноември“ и АФМ со нови проекти во областа на атлетиката

АК „7-ми Ноември“ и АФМ со нови проекти во областа на атлетиката

1 година ago
ВИДЕО: Поплави во Грција, едно лице загина, а уште едно се води за исчезнато

ВИДЕО: Поплави во Грција, едно лице загина, а уште едно се води за исчезнато

2 години ago
Oдржан првиот „Денс Фестивал“ во Гевгелија – три награди за „Mystic dance“ од Гевгелија

Oдржан првиот „Денс Фестивал“ во Гевгелија – три награди за „Mystic dance“ од Гевгелија

1 година ago
Времето – Се’ посуво и без врнежи од дожд

Времето – Се’ посуво и без врнежи од дожд

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија
  • Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“
  • Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

Македонецот Кире Науновски победи на шоуто „Никад није касно“

јуни 30, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist