Храмот “Вознесение Христово” манастирот “Свети Спас” Гевгелија заедно со конаците, неделава свечено украсен по повод чествувањето на патронот и заштитникот на Гевгелија Свети Спас.
Некогаш, а и сега граѓаните овде барале утеха, благослов за здравје, преноќувале под покривот божји со цел да најдат утеха и здравје во животот. Денеска е средиште на културните програми и свечени литургии во чест на Спасовден.
Свети Спас е најстарата црква во градот и според преданието е изградена во 1842 година. Речиси два века е духовна закрила на жителите на Гевгелија. Црквата е дел од Повардарската епархија и припаѓа на Првата гевгелиска Парохија.
Црквата е зографисана, но во неа нема насликано постар фреско-живопис. Иконостасот е нов, со три реда икони. Во 2006 година е извршна реконструкција на тремот со масивен камен и нов покрив од ќерамиди. Покровител на црквата е Исус Христос, а покровител на Гевгелија во име на Исус е Свети Спас.
Да е за навек денот, да е за навек Гевгелија!