За една недела три сообраќајни несеќи во Гевгелија во која учесници се мотоциклисти и завршуваат со тешки телесни повреди
На 13.06.2024 во 13:40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во село Негорци, гевгелиско, К.Т.(31) од село Прдејци, гевгелиско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
Истиот ден, четврток,13.06.2024 во 15:40 часот во Полициската станица Гевгелија била пријавена уште една сообраќајна несреќа помеѓу мотоциклист и патничко моторно возило.
Местото на сообраќајката е ул.„Илинденска“ во Гевгелија, а учесници во сообраќајната несреќа се мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.П.(49) од Гевгелија и патничко возило „Шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.Ќ.(31) од Богданци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
Фото: МВР Архива