Кампањата „Стоп за насилство врз жени и девојчиња“ не стасала секаде.
Синоќа во Богданци полициски службеници од ОВР Гевгелија го уапсиле Б.Г.(52) од Богданци. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка, известуваат од СВР Струмица.
- „Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија“, информираат од овој сектор на МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Кривичниот закон на Македонија половиот напад се третира како кривично дело против половата слобода и половиот морал. Законодавецот во член 186 пропишал казна за сторителот од три до 10 години затвор, а доколку жртвата е малолетник казната е најмалку 10 години затвор.
Член 186:
(1) „Тој што друг со употреба на сила или закана дека непосредно ќе нападне врз неговиот живот или тело или врз животот или телото на нему блиско лице, ќе го присили на обљуба, ќе се казни со затвор од три до десет години.
(2) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено врз дете кое наполнило 14 години сторителот, ќе се казни со затвор најмалку десет години.“ – (цитат од член 186 од КЗ).