Сопственици на некогашни производни гиганти кои имаа успешна трансформација на капиталот од општествена (на државата) во приватна, откако Македонија воведе економски пазарен систем на уредување, се најдоа на листата на најбогати македонци.
Меѓу нив се и газди на три новоформирани маркети.
Живко Мукаетов, Андреја Јосифовски и Илија Гечев ја предводат листата на најбогати македонски бизнисмени, тоа се тројцата најбогати Македонци, според податоци на УЈП за 2023 година.
Во продолжение погледнете ја листата од 8-те најбогати Македонци:
1. Живко Мукаетов „Алкалоид“ – капитал од 710.578.140 евра
2. Андреја Јосифовски „Макпетрол“ – капитал од 709.063.341 евра
3. Илија Гечев „ИГМ Трејд“ – 671.197.888 евра
4. Слободан Кутревски „Пекабеско“ – 259.751.438 евра
5. Страшо Милковски „Гранит“ АД – 256.005.597 евра
6. † Гоце Камчев „КАМ“ – 220.272.717 евра
7. Владимир Тодоровиќ „Тинекс МТ“ – 213.803.832 евра
8. Зоран и Ѓурѓа Георгиев „Стокомак“ – 198.131.568 евра
Производните погони успешно ја продолжија својата економска успешност, а заработката веќе не е државна, (освен наплатените даноци и придонеси) туку приватна.
Извор: Во центар