сабота, 14, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

ВИДЕО: Сашо Башески од Македонија победи во шоуто „Никад није касно“

Со најмногу гласови од публиката собрани преку СМС -пораки, вкупно 6.087 на број, македонскиот натпреварувач Сашо Башески од Прилеп вчеравечер победи во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“

јуни 24, 2024
in SHOWBIZ, Музика
ВИДЕО: Сашо Башески од Македонија победи во шоуто „Никад није касно“
0
SHARES
232
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со најмногу гласови од публиката собрани преку СМС -пораки, вкупно 6.087 на број, македонскиот натпреварувач Сашо Башески од Прилеп вчеравечер победи во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.
Во Големото финале, кое се одржа во Белград, Србија, Сашо доби дури рекордни 6.078 СМС-гласови. Тоа значи дека најмногу за него гласаше публиката од Вардар до Триглав.

Наградата му ја врачи пејачката Калиопи, која му честиташе за маестралните настапи на натпреварот.

Related posts

Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија

Завршен концерт на учениците од „Школата за тапани“ во Гевгелија

јуни 11, 2025
ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти

ВИДЕО: Детскиот фестивал „Калинка 2025“ започна со предфестивалски концерти

јуни 4, 2025

– „Прилеп ќе се гордее, како и сите Македонци. Ти благодарам“ – му порача Калиопи, а победникот не ја криеше среќата и благодарноста.

Уште како момче, прилепчанецот Сашо Башески (54) рекол дека еден ден ќе биде пејач, а таа желба му се исполнила пред триесетина години кога го фатил микрофонот и почнал да настапува со својот брат Дејан како бенд „Дуо Башески“.

Никогаш не зачекорил професионално во музичките води бидејќи, како што вели, го привлекува музиката, а не естрадата.

 

Ова шоу ужива голема популарност кај нас во Македонија, па Големото финале имаше чест да го отвори добро познатата и секогаш распеаната, 95-годишната дојранчанка Добрила Чабриќ-Ивановска. Таа настапи како ексклузивна гостинка, на поканата на Жика Јакшиќ, кој многу ја почитува и ја сака. Добрила во шоуто убедливо победи пред некоја година.

Победник од стручното жири во „Никад није касно“ е некогаш многу познатата пејачка од Нови Сад, Ружица Чавиќ-Томиќевиќ.

Победничка статуетка доби и убавата Селма Чавкиќ (43 години) од Бихаќ, која освои најмногу фејсбук гласови.

Селма, Ружица и Сашо со победничките статуетки

Инаку, Сашо на почетокот на учеството во шоуто откри дека со музика се занимава повеќе од три децении, а своевремено свирел и бас гитара.

Со неговиот брат Дејан, тие се познати како „Дуо Башески“.

Тој откри дека никогаш не се оженил и живее со мајка му Павлина, а на натпреварот се пријавил благодарение на внуките и најблиските кои го поттикнувале.

По победата, тој рече дека никогаш не е доцна да се ожени.

„Никогаш не е доцна да се оженам. Се јавуваат дами, веќе почнувам да размислувам за тоа. Оваа емисија ми отвори нови познанства, пријателства и нови можности“ – вели Сашо.

Со победата на Сашо, Македонија како земја на песна и музика повторно покажа со сета својата раскош дека е навистина песнопејна нација, со распеани грла што достојна ја претставуваат и победуваат.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Започнува реконструкцијата на регионалниот пат Гевгелија-Богданци

Next Post

Извлечено девојче паднато во провалија кај Струмица

Next Post
Извлечено девојче паднато во провалија кај Струмица

Извлечено девојче паднато во провалија кај Струмица

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгеличанецот Узунчев постигна пет гола против С.Арабија, Македонија победи со 12 разлика

Гевгеличанецот Узунчев постигна пет гола против С.Арабија, Македонија победи со 12 разлика

1 година ago
Новата година е родилна и здрава, се роди првото бебе во 2024

Новата година е родилна и здрава, се роди првото бебе во 2024

1 година ago
АК „7 Ноември“ освои 5 подиуми и 4-ри ПРВИ места на трки во Грција

АК „7 Ноември“ освои 5 подиуми и 4-ри ПРВИ места на трки во Грција

1 година ago
Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

4 недели ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Покренато Обвинение против 34 лица за катастрофалниот пожар во Кочани
  • Мила Зајкова – Првенец на генерација 2025, Давид Мајсторов посебно истакнат, ООУ „В.Кантарџиев“
  • Сообраќајна несреќа во Гевгелија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Покренато Обвинение против 34 лица за катастрофалниот пожар во Кочани

Покренато Обвинение против 34 лица за катастрофалниот пожар во Кочани

јуни 13, 2025
Мила Зајкова – Првенец на генерација 2025, Давид Мајсторов посебно истакнат, ООУ „В.Кантарџиев“

Мила Зајкова – Првенец на генерација 2025, Давид Мајсторов посебно истакнат, ООУ „В.Кантарџиев“

јуни 13, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist