Шеснаесет годишно девојче паднато во провалија кај манастирот „Свети Илија“ над Струмица, со повреди на главата, била извлечена од екипи на 7 член тим на ТППЕ Струмица.
Повикот за помош го упатила вечерва околу 20:30 часот на бројот 112 мајката на девојчето, но рекла дека не ја знае точната локација. Воедно известила дека ќерката има повреди на главата.
Операторите од 112 ја смириле видно вознемирената мајка и побарале од неа да ја извести ќерката да се јави на 112 за да се утврди локацијата на која се наоѓа.
Ќерката се јавила на 112 исплашена и вознемирена, кажала дека има повреди на главата и дека не знае да го посочи точното место на кое паднала.
Операторите од 112 преку системот на 112 ја утврдиле точната локација а оперативците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.
-„Девојчето беше лоцирано во свесна состојба, стабилизирано и извлечено од провалијата и префрлено во Општа болница Струмица“ известуваат од ТППЕ Струмица.
Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број 112.