Случаи на физичко насилство пријавени во Полициските станици во Валандово и Дојран. Пријавени за насилство се жител на Миравци и жител од Стар Дојран.
Во Полицискиот билтен на МВР е наведено следново:
На 24.06.2024 во 13:00 часот во ОВР Валандово М.Т.(61) од Валандово пријавил дека околу 12.00 часот на плоштадот во Валандово бил физички нападнат од С.Т. (63) од село Миравци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.06.2024 во 18:00 часот во Полициско одделение Нов Дојран, лицето Г.З.(49) од село Смоквица, гевгелиско, пријавил дека околу 15:30 часот во Стар Дојран бил физички нападнат од А.С. од Стар Дојран. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
За причините кои довеле до чинот на физичко насилство и тежината на повредите не е наведено во Полицискиот билтен.